ГАЛЕРИЈА: Трет ден протест на земјоделците од Струмичко
🌶️ Трет ден протест на земјоделците од Струмичко!

Земјоделците и денеска го изразуваат незадоволството поради ниската откупна цена на црвената пиперка.
Тие бараат реална и фер цена за својот производ, со која ќе можат да ги покријат трошоците и да го вреднуваат својот труд.
,, Вчера министерот Серафимовски ни вети дека ќе издејствува повисока откупна цена. Доколку не добиеме цена прифатлива со која ќе ги покриеме производствените трошоци, ние од вторник повторно излегуваме на протести и блокади„, кажа Александар Грозданов преставник од Здружението Млади Муртино.
Земјоделците трет ден протестираа и организираат блокади. За нив несфатливо е како лани мешаната прва и втора класа пиперки која оди за фабриките се откупувала за 35 и 40 денари а годинава за 25 денари.
Извор+фото: Strumica live






