25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ со кој на 13 август 2001 година беше поставена основата за политичко решавање на вооружената криза во Македонија.

Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, како и од лидерите на четирите најголеми политички партии – Љубчо Георгиевски (ВМРО-ДПМНЕ), Бранко Црвенковски (СДСМ), Арбен Џафери (ДПА) и Имер Имери (ПДП).

На церемонијата присуствуваа и високи меѓународни претставници кои активно учествуваа во преговорите за надминување на кризата.

Охридскиот рамковен договор предвиде серија политички, институционални и уставни реформи, со акцент на поголемо учество на заедниците во јавниот живот, подобрување на нивните права и реформирање на државните институции.

Потпишувањето на договорот следуваше по повеќемесечна вооружена криза и интензивни преговори меѓу домашните политички лидери и меѓународната заедница. Со неговото усвојување започна процесот на имплементација преку уставни измени и донесување нови законски решенија.

Четврт век подоцна, 13 август останува еден од најзначајните датуми во поновата политичка историја на Македонија.

Back to top button
Close