На инфективна клиника почина уште еден од западнонилската треска
На инфективна клиника почина уште еден од западнонилската треска

Вториот смртен случај од западнонилска треска е 72-годишен маж, кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис.
На Клиниката во моментов се згрижени 24 пациенти со западнонилска треска, а неколкумина од нив се на механичка вентилација, поради тешката клиничка состојба. Пред неколку дена од вирусот почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така бил лекуван на Инфективната клиника. Кај него биле присутни вкочанетост на вратот и нарушена свест, а била утврдена и клиничка слика на менингитис. Пациентот имал и други придружни заболувања.
Според Институтот за јавно здравје, најчестите симптоми на инфекцијата се зголемена телесна температура, треска, главоболка, општа слабост, како и болки во зглобовите и мускулите. Кај потешките случаи вирусот може да го зафати нервниот систем и да предизвика менингитис, енцефалитис или други сериозни невролошки компликации.
Здравствените власти прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски подрачја – Кисела Вода, Гази Баба, Драчево, Илинден, Трубарево, Јурумлери и Идризово. Најголем број регистрирани случаи има во Драчево, каде што е забележано најголемо ширење на инфекцијата






