ТЕЦ Неготино остварила рекордна добивка од мазутот на РКМ!

Една бројка може да го промени целото гледање на случајот „Мазут“

Во периодот од 2021 до 2023 година Македонија се најде во една од најтешките енергетски кризи во последните години.

Цените на електричната енергија растеа, а проблемот не беше само цената. Европа се соочуваше и со недостиг на гас, мазут, дизел и други енергенси.

Во такви услови Македонија повторно ја активираше ТЕЦ „Неготино“, која со години функционираше како ладна резерва.

Денес, кога набавката на мазут е предмет на кривична истрага која заврши без утврдено кривично дело, една економска споредба заслужува посебно внимание.

Анализите за периодот опфатен со истрагата покажуваат дека доколку електричната енергија произведена во ТЕЦ „Неготино“ требало да се обезбеди преку увоз, трошокот би бил значително поголем.

Во една од анализите, вредноста на електричната енергија произведена во ТЕЦ „Неготино“ е проценета на околу 155,4 милиони евра, додека истите количества на унгарската берза HUPX би чинеле околу 167,55 милиони евра, без дополнителните трошоци за пренос и увоз. 

Во други анализи користена е бројката од околу 880 милиони евра како проценка на трошокот за увоз на електрична енергија во целиот критичен период.

Без оглед на методологијата и периодот кој се зема предвид, суштината останува иста: ТЕЦ „Неготино“ не беше активирана во нормални услови, туку во време на сериозен недостиг и ценовен шок.

Дополнително, централата во 2022 година остварила рекордна добивка од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра, според податоците наведени во досегашните анализи.

Така доаѓаме до парадоксот на случајот.

Набавката на мазут беше претставена како огромен финансиски товар, додека истовремено централата која го користела мазутот произведувала струја во време на криза и остварила милионски резултат.

Затоа прашањето не е само колку чинел мазутот.

Прашањето е: колку би ја чинело државата струјата доколку ТЕЦ „Неготино“ не работеше?

 

Back to top button
Close