(ВИДЕО) Пожарот во Струмица ставен под контрола, но проблем е ветрот кој го менува правецот

Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето, но според последните информации од ТППЕ Струмица пожарот стигнал до населбата Софилар во Струмица.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Струмица Петар Јанков од самото место во видео изјава истакнаа дека вклучен е авион во гаснењето на пожарот, но проблем е ветрот кој го менува правецот.
Сепак, огнот бил сопрен кај кај првите куќи. Градоначалникот Јанков вели дека се вклучени сите институции и не дозволено да се предизвика голема материјална штета.
Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, информира дека огнот зафатил една куќа, од која пожарникарите спасиле две жени. Тие не се повредени, но поради вдишување чад, со екипа на Итната медицинска помош биле пренесени во струмичката болница.






