Во Казахстан за првпат се гласа за новиот еднодомен парламент – Курултај

– Во Казахстан започна гласањето на првите избори за новиот еднодомен парламент – Курултај.

Сите избирачки места во земјата биле отворени во 7 часот по локално време и ќе бидат затворени во 20 часот. Вкупно 107 избирачки места биле отворени еден час порано, меѓу кои 79 во дипломатските претставништва на Казахстан во 61 земја.

Гласачите избираат меѓу кандидати на седум политички партии, а повеќе од 12,6 милиони избирачи ќе одлучат за избор на 145 пратеници во Курултајот.

Изборниот процес го следат 777 меѓународни набљудувачи од 42 земји и 13 меѓународни организации, меѓу кои 138 пратеници од 41 држава.

Предвремените избори се одржуваат по усвојувањето на новиот Устав на референдумот во март, со кој беше укинат Сенатот како горен дом на парламентот и беше воспоставен еднодомен парламент – Курултај.

Back to top button
Close