Пратеници на Алијансата за иднината на Косово истурија јаглен пред Владата во Приштина, незадоволни од енергетската и политичката ситуација

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово (ААК) денеска истурија јаглен пред влезот во зградата на Владата во Приштина, изразувајќи го своето незадоволство од енергетската ситуација и оценувајќи дека освен во енергетски, Косово е и во политички мрак.
Пратеникот на Алијансата, Бурим Рамадани, рече дека во последните години Косово преминало од енергетски мрак во ситуација што тој ја смета за политички мрак.
– Со Курти и Самоопределување, Косово беше во енергетски мрак во последните шест или седум години, што ја држеше земјата во таа состојба, а сега се движи во политички мрак, рече Рамадани.
Тој посочи дека симболиката на јагленот има врска со подземните ресурси на Косово, критикувајќи го недостатокот на инвестиции во енергетскиот сектор и купувањето електрична енергија од странство.
– Пораката и симболиката на јагленот, е дека Косово лежи на јаглен, но електрична енергија не се произведува, рече Рамадани.
Според него, во изминатите години, околу милијарда евра се потрошени за купување електрична енергија од Србија и други земји, обвинувајќи дека од оваа ситуација профитирала „енергетската мафија“






