ЦУК: Во државата активни седум пожари, два под контрола, 12 изгаснати

 Седум пожари од вкупно 21 регистрирани на отворен простор денеска до 18:30 часот, се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума; во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струмица кај с. Пиперово гори ниска вегетација; во Општина Сарај кај с. Бојане гори мешана шума; во Општина Берово кај с. Митрашинци гори дабова шума и ниска вегетација; во Општина Петровец кај с. Сушица – нискостеблеста шума и во Општина Гостивар кај с. Трново, каде гори мешана шума.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Кичево кај с. Тајмиште, м.в. Дарда каде гореше високостеблеста букова шума и во Општина Битола кај с. Мегленци, каде гореше ниска вегетација.

Изгаснати пожари се во Општина Струмица на ул. „Ристо Ќурчиев“ каде гореше ѓубре; во Општина Василево кај с. Пиперево – ниска вегетација и ѓубре; во Општина Делчево кај с. Бигла – борова и дабова шума и ниска вегетација; во Општина Куманово на ул. „Ѓорче Петров“ – ѓубре; во Општина Јегуновце кај с. Туденце – ниска вегетација; во Општина Гостивар кај с. Горна Ѓоновица – ниска вегетација; во Општина Гостивар кај с. Чајле – ниска вегетација; во Општина Врапчиште кај селата Ломница и Ѓурѓевиште – мешана шума; во Општина Демир Хисар кај с. Слепче – ниска вегетација; во Општина Пробиштип кај с. Гујновци – ниска вегетација и објекти; во Општина Илинден кај Арачиновски канал – ниска вегетација и во Општина Илинден кај с. Бујковци гореше ниска вегетација.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close