Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште.
Според сведоштвата и фотографиите од теренот, за кратко време земјата се забелела од големото количество град, кој предизвика сериозни штети врз земјоделските култури, градините и дворовите во ова населено место,
Жителите известуваат дека градот паѓал со голем интензитет, уништувајќи ги земјоделските насади пред самата берба. Од надлежните служби се очекува дополнително да излезат на терен и да ја проценат точната висина на направената материјална штета.






