Ловочувар го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец
Вчера во 20:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода К.В.(56) од Неготино.

Претходно било пријавено дека кај место викано „Горна Чешма“ во атар на село Тимјаник, неготинско, ловочувар од ловечко друштво „Вардар“ од Неготино го затекнал К.В. со ранец во кој имало усмртено диво животно за време на ловостој. Полициски службеници извршиле увид на местото, при што од К.В. биле одземени дивечот, ловечка пушка „Бајкал“, дозвола за поседување оружје и друга документација.
Известен би јавен обвинител и по документирање на настанот против К.В. ќе биде поднесена соодветна пријава






