Бројот на исчезнати лица по страшните поплави во Хималаите се искачи над 1.300
Бројот на исчезнати лица во Непал по обилната поплава во хималајскиот регион се искачи на 826, соопштија локалните власти, со што вкупниот број исчезнати во Непал и Кина надмина 1.300.

Непалската полиција го проценува бројот на загинати на 162, со повеќе од 40 повредени лица кои се лекуваат во болници. Кина пријави три жртви и 558 исчезнати лица.
Поплавата создаде огромни количини кал и предизвика одрон на карпи низ планинскиот граничен регион долж реката Боте Коши, при што беа однесени мостови, оштетени брани и затрупани домови.
Спасувачките тимови во Непал и Кина продолжија со потрагата по исчезнатите лица, но густата кал ги отежнува операциите, пренесе ДПА.
Причината за поплавниот бран сè уште се истражува






