Од утринава почнаа гужвите на ГП ,,Богородица” за влез во Грција

Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција.

Во периодот на 06:30 и 07:30 часот, на снимките од камерите можеше да се забележат голем број возила наредени во повеќе колони кои чекаат за преминување на границата.

Зголемената фреквенција се очекува и во попладневните часови поради продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје

Back to top button
Close