НЕОФИЦИЈАЛНО: Меѓу загинатите македонски државјани во тешката несреќа во Словенија има и деца –

Нови информации пристигнуваат за тешката сообраќајна несреќа што во четвртокот попладне се случи на автопатот во Словенија, меѓу Унец и Равбаркоманда, во која загинаа тројца македонски државјани.
Според официјалните информации од словенечката полиција, во автомобилот се наоѓале пет лица, сите државјани на Македонија. Три лица починале на местото на несреќата, додека две се повредени – едното било пренесено во болница со хеликоптер, а повредениот возач со возило на Итната медицинска помош.
Според неофицијални информации објавени од словенечкиот Завод „Reševalni pas“, меѓу жртвите има и деца. Оваа информација засега не е официјално потврдена од полицијата.
Според првичните сознанија, товарно возило поради дефект било запрено во ниша покрај автопатот, кога автомобилот удрил во задниот лев дел од неговата приколка.
Истрагата за причините и околностите под кои се случила трагедијата продолжува.
Извор:/newz24live






