ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1

Актуелниот француски шампион Пари Сен-Жермен, синоќа ремизираше 2:2 на гости против Лил во 2. коло од француското фудбалско првенство.

Во 21. минута, Хакон Харалдсон постигна гол со удар надвор од шеснаесетникот, а Дилан Баква го постигна вториот гол за Лил. Оливие Жиру два пати асистираше.

Витиња го постигна првиот гол за ПСЖ во првата минута од судиското продолжение, а Маркињос израмни во петтата минута.

Ова е втор натпревар по ред како парижаните избегнуваат пораз по водството на противникот со 2:0. Во првото коло, ПСЖ се спаси, откако Рен имаше два гола предност до 71. минута.

Во пресрет на другите натпревари од втората рунда во Лига 1, ПСЖ е шести на табелата со два бода. Лил е прв со четири бода.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close