ВИДЕО: Повеќе уапсени по масовна тепачка на концертот на Гавазова во Пештани – снемало и струја
Шест лица биле приведени по тепачка што избила за време на концерт на Сузана Гавазова во Пештани, по што настапот бил прекинат.
Инцидентот се случил пред поголем број посетители, а по нарушувањето на јавниот ред и мир интервенирала полицијата.
.
.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 28 август 2026 година во 23:35 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Т.И. (42) и М.И. (36), двајцата од Велес, Г.М. (52) и А.Т. (45), двајцата од Пештани, П.Б. (21) од Битола и Н.Г. (19) од Прилеп
Според информациите од терен, веднаш по започнувањето на физичката пресметка во селото дошло и до прекин на електричната енергија, па просторот каде што се одржувала веселбата останал во целосен мрак а концертот бил прекинат.






