Пожари во шумските области на Анталија и Дијарбакир, гаснењето е во тек

Пожари во шумските области на Анталија и Дијарбакир, гаснењето е во тек
Aнкара, 29 август 2026 (МИА) – Шумски пожари избувнаа денеска во турските покраини Мугла, Анталија и Дијарбакир, а напорите за нивно гаснење продолжуваат од воздух и од земја.
Пожар прво избувна во земјоделска област во близина на селото Корубуку во округот Сејдикемер во Мугла, а поради силните ветрови се прошири на шумската област и кон округот Каш во Анталија.
Генералната дирекција за шумарство соопшти дека за гаснењето на пожарот се испратени четири авиони, 15 хеликоптери, 72 цистерни за вода, шест градежни машини и 450 луѓе.






