Меркел ги повика Германците поактивно да се вклучат во одбрана на демократијата
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните поактивно да се вклучат во одбраната на демократијата, во време кога Алтернатива за Германија (АфД) има убедлива предност во анкетите пред покраинските избори во Саксонија-Анхалт.

– Мислам дека сега повторно мора да направиме нешто што не моравме да го правиме со децении, навистина да се бориме за оваа демократија, да учествуваме во неа, да покажеме малку храброст, да го одржиме зборот и да кажеме дека тоа е прекрасен начин на живот, истакна Меркел на митинг во Берлин.
Таа оцени дека АфД повеќе не е политички феномен ограничен на источните делови на Германија, туку партија чие влијание се прошири на целата земја, потсетувајќи на победата на изборите во Баден-Виртемберг и Рајнланд-Пфалц.
Според неа АфД успеала да наметне теми и практично да ја преземе политичката дебата во Германија.






