Во Шибеник промовирана книгата Мајка Тереза – Гонджа од Скопје (светица за сиромашните) од Јасмина Миронски
Во рамки на Деновите на македонската култура, меѓународна културна манифестација во огранизација на Хрватско-македонската тангента којашто веќе дваесет години ги негува и развива односите помеѓу двете земји, синоќа беше промовирана книгата „Мајка Тереза -Гонджа од Скопје“ од авторот Јасмина Миронски, познат новинар, комуниколог, доктор по политички науки, професор по новинарство и односи со јавност.

На свеченоста којашто се одржа во преубавиот „Civitas Sacra“ во самиот центар на Шибеник модераторот Никола Урукало, еден од најпознатите шибенски новинари, нагласи дека авторот прави трилогија за светицата од Скопје, прво со објавувањето на монографијата на англиски јазик Mother Teresa, Citizen of Skopje – Citizen of the World во 1997 г., потоа со книгата „Мајка Тереза – Светилката сè уште гори„ објавена на македонски, англиски и албански јазик во 1999 г. и последното издание Мајка Тереза -Гонджа од Скопје (светица за сиромашните) од Јасмина Миронски, печатено од издавачката куќа МИ-АН, коешто претставува заоркужување на нејзиниот живот и дело откако Ватикан ја прогласува за светица.
Урукало нагласи дека книгата нуди увид во животот и делото на Мајка Тереза – родена како Гонџа Бојаџиу во Скопје – чија хуманост прерасна во универзална порака за солидарност, љубов и помош за луѓето, без оглед на националноста, религијата или потеклото. На настанот, во присуство на бројни гости, беше истакнато дека Миронски е познат долгогодишен македонски новинар којашто работела во „Радио Скопје“, “Нова Македонија“, повеќе од 25 години била дописник на Агенцијата Франс Прес (АФП) од Париз, телевизиски продуцент за Worl Wide Television News- WTN и ATPN, соработувала со Newsweek, CNN, Die Welt, Los Angeles Times, Шведско радио, Telex, Vecernji list и многу други.
Таа е автор на книгите Етика во односите со јавноста и Односи со јавноста и медиумите и ко-автор на монографијата Приказна за големиот визионер, креатор и градител Заре Лазаревски – Ски-центарот и Маврово. Уредник и приредувач е на книгата Верувам во Македонија, говори на претседателот Борис Трајковски.
Автор и ко-автор на повеќе прирачници меѓуbкои: Како до подобра комуникација со медиумите, Вештини за комуницирање и лобирање, Како да комуницирате сo медиумите, Иноватинвен начин на известување во медиумите за лица со попреченост, Односи со јавноста и ефективно комуницирање и други.
Добитник е на наградата за публицистика на Град Скопје “13 Ноември“ ( 2001), и на американската награда за новинарство – Breathtaking. (awarded 2018 George Polk Award for Environmental Reporting.) Како млада пишува поезија, добитник е на награда на Млада Струга во 1978 г.






