68-годишна жена на полноќ посетила 25 години помлад маж, неговата сопруга ја нападнала, па настанал хаос

Во едно од позаплетканите известувања во денешниот полициски билтен, МВР јавува за случај во Пехчево, во кој 68-годишна жена пријавила дека била нападната од сопругата на 43-годишен човек, кого го посетила на полноќ. Потоа мажот ја нападнал сопругата, а таа тоа го пријавила во полиција, се вели во соопштението.

„На 04.09.2026 во 18:40 часот во ОВР Пехчево, 68-годишна жена од Пехчево пријави дека на 03/04.09.2026 во временски период од 00:23 до 01:00 часот во нејзиниот дом, додека седела со 43-годишен маж од Пехчево и разговарале, дошла неговата сопруга, агресивно се однесувала и физички ја нападнала. Подоцна, 43-годишниот маж физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, за кое подоцна и 37-годишната жена пријави дека била физички нападната од нејзиниот маж. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение за овој необичен случај

Back to top button
Close