Осмиот смртен случај од западнонилска треска е 70-годишен маж, од осум хоспитализирани, двајца со потешка клиничка слика

Осмиот смртен случај од западнонилска треска е 70-годишен маж, од осум хоспитализирани, двајца со потешка клиничка слика

– Осум пациенти со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Во текот на викендот е регистриран и осмиот смртен случај од овој вирус. Станува збор за седумдесет годишен пациент, кој на 25 август бил примен во изразено тешка состоба информираше на денешната прес-конференција директорот на Клиниката за инфективни болести-Скопје, Фадил Цана.

-За жал, во текот на викендов е регистриран и еден смртен исход на 70 годишен пациент, осми по ред пациент, кој беше примен на клиниката на 25 август во една изразито тешка општа состојба. Веднаш по приемот беше сместен во одделот за интензивно лекување, интубиран и беше на механичка вентилација. ​За целиот овој десетдневен престој, пациентот беше во изразито тешка општа состојба и покрај целиот третман, целиот напор на одделот за интензивна нега, во текот на викендот заврши со летален исход-вели Цана.

Од осумте хоспитализирани пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на одделот за интензивно лекување, интубирани се и се на механичка вентилација. Директорот на Клиниката за инфестивни болести додаде дека освен еден пациент од Свети Николе, сите останати се од Скопје и се на возраст од над 60 години.

 

-Сите пациенти се од Скопје, само еден хоспитализиран од новопримените кој е на одделот за невроинфекции е од Свети Николе-изјави Цана.

Тој истакна дека веќе четири дена не е примен нов пациент со потврдена западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, инаку пациенти кои се лекуваат на оваа Клиника се заразени во земјата.

Back to top button
Close