Албански државјанин уапсен во Милано со 70 килограми кокаин и 170.000 евра во кеш


Полицијата во Милано уапси маж (41) со албанско потекло, кај кого беа пронајдени околу 70 килограми кокаин, 200 грама хашиш и 170.000 евра во кеш.

Тој бил уапсен на 5 септември, по операција за следење, поради сомневање дека се занимава со трговија со наркотици, пренесува „АднКронос“.

Апсењето се случило во станот каде што престојувал, на периферијата на градот, каде што била пронајдена и дрогата.

За време на акцијата биле одземени два мобилни телефона, часовник „ролекс“ и златна алка.

Back to top button
Close