Чарлс Спенсер, брат на Дијана во биографијата „Лебедова песна“: „Кралот Чарлс само неколку дена по смртта на сестра ми мѝ рече дека принцезата наскоро ќе биде заборавена

„Кралот Чарлс само неколку дена по смртта на сестра ми мѝ рече дека принцезата наскоро ќе биде заборавена“, стои во „Лебедова песна“ („Swan Song“), биографија напишана од Чарлс Спенсер, братот на покојната принцеза Дијана.

Тој, исто така тврди дека тогашниот принц од Велс имал излив на бес за време на телефонски разговор откако му кажал дека неговата сестра не би сакала нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари, да учествуваат во погребната поворка.

 

Бакингемската палата ги отфрли ваквите тврдења, посочувајќи дека би можеле да се последица од преголема тага и болка.

„Иако вообичаено не коментираме за книги, Неговото Височество е свесно дека болката од губењето на брат или сестра може да го замагли разумот, да влијае на преоцената и да ги промени сеќавањата на начин што другите не ги препознаваат, дури и многу години по таквата загуба“, се наведува во соопштението од Бакингемската палата.

Back to top button
Close