Шпанскиот премиер смета дека несоодветната реакција на мароканските власти довела до мигрантската криза во Сеута

Шпанскиот премиер, социјалистот Педро Санчез, изјави дека пропусти во контролата на границата од мароканска страна довел до неодамнешната мигрантска криза во Сеута.

Повеќе од 70 илјади мигранти влегоа во Сеута од Мароко на 30 и 31 јули. Повеќето од нив се вратиле во Мароко, но неколку илјади мигранти останале на шпанска територија, каде оттогаш ситуацијата е влошена, со насилства и речиси секојдневни протести на локалното население.

„Истражуваме што се случи во тие јулски денови, но исто така побаравме од Мароко да преземе мерки и да ни даде одговори, бидејќи очигледно е дека неговата контрола врз границата потфрли“, изјави Санчез во интервју за „Си-Ен-Ен“ во Њујорк.

Пред шпанскиот Парламент на 3 септември тој изјави дека Мадрид треба да побара од мароканските власти „објаснувања и промени“ за да се спречи повторување на мигрантскиот наплив во Сеута. Санчез исто така нагласи дека нема „цврсти докази“ што би укажаче дека Мароко го организирал приливот мигранти.

Извештај на шпанската полиција до кој дошле медиумите, покажува дека бројот на мароканските полицајци кои се наоѓале во близина на граничниот премин бил „значително помал од вообичаеното“ и оти тие не вложиле „никакви сериозни напори“ да го запрат мигрантскиот тек. Документот се темели на сателитски снимки, јавно достапни видео-снимки и сведоштва на мигранти.

Back to top button
Close