Крем салата од цвекло и пилешко

Вкусна, кремаста и освежителна салата , идеална за лесен ручек или вечера. Брза за подготовка, а богата со вкус и текстура.

Состојки:

1 цвекло со средна големина,

200 грама варено пилешко,

200 грама кисела павлака,

1 лажица мајонез,

2 млади кромидчиња

потпечени семки

 

Подготовка:

Сварете го цвеклото во малку посолена вода. Исцедете го од течноста и оставете го да се излади. Ситно исецкајте го цвеклото во садот од блендерот и изблендирајте. Исецкајте го ситно вареното пилешко месо и додадете го во цвеклото. Додадете кисела павлака, мајонез, сецканиот млад кромид, потпечените семки, сол и бибер. Измешајте сè заедно и ставете ја салатата во фрижидер 30 минути.

Фото: Magnific

Back to top button
Close