Масакр во ЈАР – Единаесет луѓе убиени на домашна забава

Најмалку 11 луѓе загинаа и тројца се ранети во пукање на домашна забава во Јужноафриканската Република. Нападот се случи ноќеска во местото КваМакута триесетина километри јужно од Дурбан откако тројца мажи влегле во куќа и отвориле оган врз присутните на забавата.

Полицијата потврди дека меѓу загинатите е и бремена жена. Во тек е потрага по напаѓачите.

Десет лица загинале на местото на злосторството додека четворица се префрлени во болница каде еден човек им подлегнал на повредите. Мотивот за нападот засега не е официјално потврден иако полицијата наведе дека дел од луѓето кои биле во куќата имале криминално досие.

Back to top button
Close