Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за ограничен прекин на огнот

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Русија и Украина изразија интерес за ограничен прекин на огнот, како и дека рускиот претседател Владимир Путин е поканет на самитот на Г20, кој ќе се одржи во Мајами во декември.
Рубио на прес-конференција по разговорот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Њујорк, рече дека двете страни изразиле интерес за ограничен прекин на огнот кога се во прашање енергенсите, пренесува Скај Њуз.
– Мислам дека двете страни изразија интерес за одреден ограничен прекин на огнот кој би ги опфатил житариците и енергенсите. Тоа не ја решава војната, но мислам дека, на некој начин, би можело да ублажи дел од глобалните притисоци што се чувствуваат – рече Рубио.
Тој додаде дека Соединетите Американски Држави се подготвени да имаат „конструктивна улога“ во постигнувањето на таков прекин на огнот.
– Можеби тоа би можело да послужи како појдовна основа или платформа за поширок договор – истакна Рубио.
Рубио изјави и дека рускиот претседател Владимир Путин е поканет на претстојниот самит на Г20 и дека се надева оти Путин ќе ја прифати поканата, бидејќи тоа на рускиот претседател би му пружило можност за разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа во Енкориџ на Аљаска, во август минатата година.






