Мандиќ ги инсценираше нападите за да изгледа дека Република Српска ги брка студентите

Срѓан Миливојевиќ, претседател на Демократската партија во Србија изјави дека
зад организираните инциденти и напади врз студентите во Република Српска стои Владимир Мандиќ, функционер на СНС, син на Момчило Мандиќ, познат воен профитер, и еден од главните “чаци”.
-Со организирањето на шака криминалци и ситни разбојници, Мандиќ се обиде да создаде лажна слика дека студентите од Србија се непожелни во Република Српска. Затоа мора да биде целосно јасно: ова не е судир меѓу студентите и граѓаните на Република Српска, ниту пак судир меѓу граѓаните на Србија и на Република Српска. Зад нападите и провокациите стојат луѓе ангажирани преку структури поврзани со СНС и мафијашкиот режим на Вучиќ.
Обидот на овој начин да се скараат граѓаните од српска националност од двете страни на Дрина е подеднакво подмолен колку што е и провиден. Граѓаните на Република Српска, исто како и граѓаните на Србија, добро знаат дека денес во Србија се бира помеѓу Србија и мафијата.
Нашето цврсто убедување е дека граѓаните на Република Српска не можат да бидат против Србија која денес ја претставуваат студентите, како што не можат да бидат ниту за мафијата која недвосмислено ја претставува Вучиќ.
Противникот на Србија и на студентите е ист од двете страни на Дрина: мафијашкиот режим кој ја држи Србија како заложник и со своето дејствување му нанесува штета на целиот регион.
Но, не уште долго. Студентите победуваат – напиша Миливојевиќ.






