Фон дер Лајен в четврток е во посета на Подгорица
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети Црна Гора на 1 октомври, објавија Вијести.
Во Подгорица, таа ќе се сретне со претседателот на државата, Јаков Милатовиќ, и премиерот Милојко Спајиќ.
Црна Гора ќе биде првата станица на следната турнеја на фон дер Лајен низ Западен Балкан, каде таа ќе ги посети и Тирана, Приштина и Скопјe.
Главен фокус на разговорите ќе бидат следните чекори на патот на партнерство со ЕУ и напредокот во постепената интеграција на земјите од регионот, поддржан од Планот за раст за Западен Балкан, соопшти ЕК.
Ова е шеста година по ред во која претседател на Европската комисија го посетува регионот.






