ТРАГЕДИЈА ВЕЧЕРВА: Баба и двегодишно дете загинаа, мајката се бори за живот – страшна сообраќајка во близина на границата со Македонија
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Бујановац, во која животот го загубиле баба и нејзиниот двегодишен внук, додека мајката на детето е тешко повредена и се наоѓа во критична состојба.
Првичните информации во српските медиуми беа дека во несреќата загинале мајка и дете, но според најновите информации што ги објавува „Телеграф“, семејството потврдило дека жртвите се бабата и нејзиниот двегодишен внук.
Мајката на детето е пренесена во Клиничкиот центар во Ниш, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.
Несреќата се случила околу 18 часот на магистралниот пат, познат како стариот автопат, во правец кон Врање.
Според првичните информации, дошло до директен судир на два автомобили. Во едното возило се наоѓал само возачот, додека во другиот автомобил било семејството.
Во тешкиот судир биле повредени уште неколку лица, кои биле пренесени во здравствени установи за понатамошно лекување.
Засега не се познати точните околности под кои дошло до директниот судир. Надлежните треба да утврдат што ја предизвикало трагичната несреќа.






