САД и Кина ќе воспостават „комуникациски канал“ за инциденти поврзани со вештачка интелигенција

Вашингтон и Пекинг ќе воспостават „комуникациски канал“ за справување со инциденти предизвикани од вештачка интелигенција, објави Белата куќа. Двете земји воспоставија „дијалог меѓу САД и Кина за суперинтелигенција за размена на мислења за ризиците и придобивките“ од вештачката интелигенција и се согласија да создадат „билатерален комуникациски канал“ посветен на инциденти, се нагласува во до документот на Белата куќа.

Вештачката интелигенција – која американскиот претседател Доналд Трамп ја нарекува „суперинтелигенција“ во изминатите денови – беше една од главните теми за време на државната посета на кинескиот претседател Шји Џинпинг на Вашингтон, која заврши во петокот.

Како ривали во областа на вештачката интелигенција, двете земји се соочуваат со зголемен надзор врз ризиците поврзани со технологијата, по неколку инциденти што предизвикаа стравувања дека технологијата би можела да излезе од контрола на нејзините креатори.

Двете водечки земји имаат „одговорност да развиваат вештачка интелигенција и да ја управуваат за општо добро, и да обезбедат нејзиниот развој да остане под човечка контрола во секое време“, рече Шји.

Трамп рече дека сака да ја задржи регулативата „точно на сегашното ниво“.

Back to top button
Close