(Видео) „Летаа“ јајца кон Рама во Њујорк, демонстрантите извикуваа „мафија“, тој им возврати: „хистерични кокошки“


Албанскиот премиер Еди Рама беше пречекан со протести за време на престојот во Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации.

Група демонстранти протестираше против Рама, извикувајќи „мафија“, а кон албанскиот премиер биле фрлани јајца и други предмети.

Рама подоцна се огласи преку социјалните мрежи и ги коментираше демонстрациите, нарекувајќи ги учесниците „хистерични кокошки“.

„На оние кои се нагрнаа со албанското знаме и клукаа по улици како хистерични кокошки, имам да им кажам само едно: Тоа знаме јас го имам кренато највисоко што било некогаш во очите на светот“, напиша Рама на „Икс“.

Back to top button
Close