Ново Мексико: Поротата ја прогласи „Мета“ за одговорна за измама на корисниците

 Поротата во Ново Мексико ја прогласи компанијата „Мета“ за одговорна за измама на корисниците за нивната приватноста и откри повеќе од 43 милиони прекршувања на Законот за заштита на потрошувачите.

Судија на 1 октомври ќе одлучува за казната.

Тужбата беше поврзана со скандалот со „Кембриџ аналитика“, во кој податоци од околу 87 милиони профили на Мета беа собрани и продадени на фирма за политички консалтинг за целно рекламирање.

Државата бара максимални 5.000 долари за секое прекршување, поради што вкупната сума може да биде над 200 милијарди долари.

Поротата, исто така, утврди дека „Мета“ ја измамила јавноста за истрагите за апликациите од трети страни кои собирале кориснички податоци.

Исто така, не беше утврдено дека компанијата дала лажни тврдења за отстранување на штетна содржина, вклучително и дезинформации за коронавирусот.

Мета ја отфрли пресудата, велејќи дека доказите на државата се застарени и оти компанијата ги променила своите политики откако е поднесена тужбата во 2021 година.

Ново Мексико, исто така, бара забрана за спорните практики, додека државниот обвинител Раул Торес посочи дека парите од казната ќе одат во фонд за образование.

Државата претходно доби 942 милиони долари од „Мета“ во случај поврзан со заштитата на малолетниците.

Back to top button
Close