Видео: Велелепен пречек на Шји во Вашингтон, нова ера во односите САД – Кина и во светот: Позитивен преседан и блиска и пријателска дружба на претседателите на двете суперсили и нивните сопруги

На средбите помеѓу лидерите на двете најголеми економии американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и Шји Џинпинг договорено е продлабочување на соработката во сите сфери и надминување на споровите.

Претседателот на Кина, Шји Џинпинг по тридневната посета на САД, го покани американскиот претседател и првата дама да го посетат Пекинг.

– Го повикувам претседателот и неговата сопруга во посета на Кина, истакна Шји, додека Трамп се заблагодари на поканата и вети возвратна посета.

Тоа беше прва државна посета на Шји на САД по речиси една деценија и негова трета средба со Трамп откако американскиот претседател го почна својот втор мандат.

Трамп во средата го пречека Шји и првата дама на Кина, Пенг Лијуан, на аеродромот во военовоздухопловна база Ендрјус, што е невообичаено за посетите на странските лидери. Последен таков пречек беше организиран за папата Франциск во 2015 од страна на поранешниот американски претседател Барак Обама. Пртечеткот на конесккиот рпетседател во воената база е порака за тоа дека двете земји не се само пријатели, туку сакаат и меѓусебни топли односи.

Шји и Пенг беа пречекани со црвен тепих и почесна стража.

Покрај официјалните средби Трамп организираше и вечера за Шји и Пенг, на која беа истакнати извонредни топлите односи меѓу двата претседатели а со тоа и меѓу двете земји. Според Трамп, САД и Кина никогаш подобро не се согласувале.

Претходно, Трамп и Шји и првата дама на САД, Меланија Трамп и првата дама на Кина, Пенг го посетија Националниот музеј за азиска уметност „Смитсонијан“.

Посетата на двете дами и нивните сопрузи на Музејот се оценува како една од најсимболичните точки од државната посета на кинескиот претседател во Вашингтон. Според Белата куќа, целта била да се истакнат „уметноста, културата и следната генерација“ како мостови меѓу американскиот и кинескиот народ.

Овој музеј е избран како еден од најпознатите светски музеи посветени на азиската уметност и содржи повеќе од 45.000 дела од различни периоди и цивилизации на Азија. Изборот на музејот е силна дипломатска порака дека културната соработка може да ги зближува двете држави и да биде поттик ан нивната економска и политичка соработка, како и да означи нова ера во односите меѓу двете земји.

Последната официјална средба меѓу Меланија и Пенг се одржа во 2017 година, кога претседателот Доналд Трамп го посети Пекинг за време на неговата турнеја низ Азија во текот на првиот мандат. Тогаш, првите дами пиеја чај и посетија училиште.

Тогаш, кинескиот и американскиот претседател и нивните сопруги го посетија Забранетиот град во Пекинг на 8 ноември 2017 година, кога Шји и неговата сопруга Пенг лично ги пречекаа Трамп и Меланија. Тие заедно ги разгледуваа историските палати реставраторските лаборатории и изложбите со царски уметнички и културни богатства.

До крајот на годината можни сè уште две средби помеѓу Трамп и Шји – на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Кина и на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Министерството за надворешни работи на Кина денеска објави дека Шји и Трамп постигнале консензус за осум точки, а в понеделник се очекува САД да објави повеќе детали за евентуалниот напредок во трговските преговори.

Back to top button
Close