Голем пад на цената на златото и среброто: Златото се намали за повеќе од 3 отсто


Цената на златото се намали за повеќе од 3 отсто, додека среброто загуби речиси 5 отсто, покажуваат податоците за движењето на цените на благородните метали.

Според податоците на GoldPrice, златото се тргува по цена од околу 4.149,65 долари, што претставува пад од 128,13 долари. Среброто се движи околу 61,06 долари, со намалување од 3,10 долари.

Аналитичарите падот на цената на златото го поврзуваат со заострувањето на монетарната политика на американските Федерални резерви. Американската централна банка неодамна, за првпат по подолг период, ја зголеми референтната каматна стапка, имајќи го предвид и рекордниот раст на цените на горивата на американскиот пазар.

Високите каматни стапки во водечките економии ја зголемуваат побарувачката за доларот, што дополнително влијае врз пазарот на златото.

„Високите референтни каматни стапки во водечките земји го поттикнуваат растот на побарувачката за доларот“, изјави претходно управителот на фонд и основач на финтек-платформата „SharesPro“, Денис Астафјев.

Златото, за разлика од банкарските депозити и државните обврзници, не носи каматен принос за сопствениците. Токму поради тоа, според оценките на аналитичарите, неговата позиција на пазарот започнала да слабее.

И покрај актуелниот пад, големите финансиски институции предвидуваат дека цената на златото до крајот на 2026 година би можела да достигне меѓу 4.400 и 4.900 долари за тројна унца. Најоптимистичките проценки се движат и до 5.500–6.300 долари. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close