Партиски функционери и донатори ќе управуваат со јавните претпријатија во Скопје
Советниците од мнозинството во Советот на Град Скопје ги изгласаа новите предлози за членови на Управните и Надзорните одбори, а на листите речиси ништо не е сменето. Изгласани се речиси истите партиски членови, донатори и роднини на политичари, кои претходно ја добија довербата на Советот, вршејќи ја функцијата в.д. шест месеци.

Град Скопје го изгласа новиот ребаланс на буџетот зголемен за дополнителни 1 милион евра, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по последната седница на Советот, рече тоа е резултат на „остварените заштеди, финансиската дисциплина и кратењето на непродуктивните трошоци“.
Тој објави дека се намалени и вкупните обврски на јавните претпријатија, културните установи и средните училишта за околу 60 милиони евра по основа на кредити, неисплатени експропријации, изгубени судски постапки со камати и судски трошоци, неисплатени субвенции и преземени програмски активности.
–Обврските се значително намалени во сите јавни претпријатија: „Водовод и канализација“ за 1,66 милијарди денари, ЈСП „Скопје“ за 634,9 милиони денари, „Комунална хигиена“ за 122 милиони денари, „Паркови и зеленило“ за 113,9 милиони денари, „Градски паркинг“ за 52,9 милиони денари, „Улици и патишта“ за 31,9 милиони денари. Половина од културните установи се целосно раздолжени, а кај останатите обврските се значително намалени, објави Ѓорѓиевски.
…






