Две паралелки првачиња споени во една група во училиште во Хром, родителите бараат решение
Родители на првачиња од ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во скопската населба Хром реагираат поради организацијата на продолжениот престој, откако ученици од две паралелки по завршувањето на редовната настава се спојуваат во една група.

Според информациите што ги споделуваат родителите за „Фокус“, станува збор за ученици од две паралелки од прво одделение, кои во текот на редовната настава се одвоени, но потоа престојуваат заедно под надзор на една наставничка. Родителите посочуваат дека групата броела 36 деца, а ваквата организација, според нив, создава проблеми особено затоа што станува збор за првачиња на кои им е потребно поголемо внимание и надзор.
Тие велат дека уште при запишувањето на децата во мај било наведено дека имаат потреба од целодневен престој, поради што очекувале училиштето навреме да обезбеди соодветен наставен кадар.Дополнително, родителите бараат објаснување според кои критериуми токму овие две паралелки се споени. Како проблем го посочуваат и секојдневното преместување на децата, кои по редовната настава со своите ранци и столчиња преминуваат од една во друга училница. Родителите подолго време укажуваат на недостиг од простор и соодветни услови за згрижување и образование на децата во населбата.Родителите бараат едноставно решение – децата да имаат соодветни услови за престој и доволно наставен кадар, наместо две паралелки првачиња да се спојуваат во една голема група






