Универзална сала не работи веќе 11 години, ама ЈСП Скопје како да не знаат за тоа

Во ЈСП Скопје како да не знаат дека Универзалната сала е затворена веќе 11 години, од 2015 година поради утврдени структурни оштетувања.

Сепак, од ЈСП објавија дека манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се одржи токму таму.

„По повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026″, која ќе се одржи на 3 октомври 2026 година (сабота) во ‘Универзална сала’ – Скопје, ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека ќе обезбеди бесплатен јавен превоз“ – пишуваат од ЈСП Скопје.

Грешката веројатно е настаната поради тоа што организатор на манифестацијата „Бела ноќ“, која се одржува утре од 18 часот и ќе трае до 3 часот по полноќ, е ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје

На настанот ќе има концерти на отворено, изложби во националните галерии, целовечерни диџеј-сетови и содржини за деца.

Централните случувања се закажани на платото пред Националната опера и балет, во Градскиот парк и низ Старата скопска чаршија.

Back to top button
Close