Шпанија ја продолжи рекордната серија без пораз на 41 натпревар


Шпанија синоќа ја победи Чешка со 3:1 во Овиедо во натпревар од 3. коло од групната фаза на Лигата на нации. Шпанците ја продолжија својата рекордна серија без пораз на 41 натпревар.

Головите за домаќините ги постигнаа Јамал, Родри и Мерино, за Шешка погоди Слама.

Шпанија претходно ја надмина Италија, која, под водство на Роберто Манчини, имаше 37 натпревари без пораз од 2018 до 2021 година.

Со максимални девет бода по три натпревари, Шпанија е прва на табелата во групата 3 од Дивизијата А на Лигата на нации. Нивниот следен натпревар на ова првенство ќе биде на гости против Хрватска на 6 октомври.

Back to top button
Close