Призма“: Владин одбор ја предложил прославата на 35-годишнината од независноста

Повеќе од половина година откако Владата ги донела одлуките за прославата на 35-годишнината од независноста, а речиси еден месец по завршувањето на настаните, објавен е записникот од владината седница на која било утврдено како ќе се организира прославата – објави денеска „Призма“.

Во документот од седницата, одржана на 28 април годинава, може да се прочита дека деталната содржина на јавниот оглас со кој се барал организатор на прославата, кој два дена подоцна го распиша Државна лотарија, целосно e предложен од Организациски одбор. По барање на Владата, одборот е формиран од девет претставници на неколку државни институции.

Од Владата, на барање на БИРН, ги открија членовите на организацискиот одбор.

„Од страна на Канцеларијата на претседателот на Владата беше номиниран Сашо Павлоски, Министерство за култура и туризам ги номинираше Билјана Ќулавковска, Тијана Тесалоника Шишкоска, Магдалена Манаскова и Весна Митевска, СОЗР го номинираше Христијан Стојановски, МВР ги номинираше Влатко Ѓошевски и Билјана Сарагинова Панчевска, а БЈБ и генералниот секретаријат го номинираше Гоце Боболински“,

велат од владата за „Призма“.

Од записникот се дознава и дека на истата седница на 28 април 2026 владата му наложила на АД Државна лотарија да ги обезбеди парите од нераспределената дивиденда, предвидена за 2024 година, во висина од 300 000 000 денари (речиси 5 милиони евра), за спонзорирање на настаните.

Целата сторија на „Призма“ е достапна на следниот линк.

 

Back to top button
Close