Тешка сообраќајка на патот Ресен–Охрид, повредена една од сопатничките
Три патнички возила учествувале во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ресен–Охрид, кај местото викано Рибник, во близина на селото Крушје. Во несреќата тешко е повредена 68-годишна жена од Битола.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера во 15:40 часот во ОВР Ресен. Во неа учествувале три возила со битолски регистарски ознаки – „Рено“, управувано од 69-годишниот А.С., со сопатничката Л.С. (68), „БМВ“, управувано од 51-годишниот В.М., со сопатникот П.А. (55), како и „Пасат“, управуван од 57-годишниот Б.М. Сите се од Битола.
„Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани од доктор од Клиничка болница Битола, се здобила сопатничката Л.С.“, информираат од МВР. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.






