Апсења во грчката кошарка, поради наместени натпревари

Претседателот на кошаркарската федерација на Грција Вангелис Лиолиос е уапсен како дел од полициска акција поради сомневање за подмитување и местење резултати на кошаркарски натпревари во изминатите години, а тој на функцијата е од септември 2021 година. Во акцијата издадени се шест налози за приведување, а меѓу осомничените се и Елијас Коромилас (поранешен судија во Евролига), потоа активните кошаркарски судии: Василики Каруха, Петрос Папапетру, Анастасиос Полидис и Јоргос Маврајанис.

 

Некои од нив биле во Истанбул и приведени се по доаѓањето во Грција, а според грчките медиуми треба да бидат сослушани пред истражен судија. За дел од обвиненијата предвидени се и законски казни и до пет години затвор.

 

Интересно е дека при претрес на куќа кај еден од судиите во Катерини се пронајдени повеќе од 800.000 евра во готово.

Back to top button
Close