Илисоки со нокаут го победи латифи на „Глори 110“

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски забележа победа над Амине Латифи од Мароко.
Борбата одржана синоќа во Антверпен, Белгија заврши уште во првата рунда со нокаут, откако претходно Мароканецот неколку пати беше во нокадаун, за судијата да ја прекине борбата.
Победата за Илиоски на престижниот настан „GLORY 110“ е една од најзначајните во неговата досегашна кариера.






