Во Битола и Лазарополе минусни утрински температури

Најниска температура од -1 степен Целзиусов утрово е измерена во Битола и Лазарополе. Ниски температури се регистрирани и во Берово и на Попова Шапка, каде се измерени 1 степен, додека во Охрид, Претор, Крушево и Маврови Анови температурата изнесува 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Струмица се измерени 3 степени, во Крива Паланка, Тетово и Прилеп 4, а во Демир Капија 5 степени. Во Виница се измерени 6 степени, во Штип и Кавадарци 7, во Скопје-Петровец, Куманово и Гевгелија 8, додека во Скопје-Зајчев Рид и Велес минималната температура изнесува 9 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи од 14 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.






