(Видео) Србија гласа: Граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

Граѓаните во Блок 45 во Нов Белград почнаа да чекаат во долги редици за гласање уште од 4 часот наутро, дури три часа пред официјалното отворање на избирачките места,
Ова е еден од првите теренски извештаи на ЦИВИЛ МЕДИА од денешните вонредни парламентарни избори во Србија.
Избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 20 часот. Право на глас имаат 6.451.292 граѓани, кои избираат 250 пратеници во Народното собрание на Србија.

Изборите се одржуваат во атмосфера на длабока политичка поларизација, по речиси две години студентски протести и во услови на засилено внимание кон изборниот интегритет.
На повеќе избирачки места во Белград редиците почнале да се формираат уште пред официјалниот почеток на гласањето, како во централните, така и во периферните општини.
Слична е ситуацијата и во Нови Сад, каде што граѓаните почнале да се собираат околу пет часот наутро, два часа пред отворањето на избирачките места.
Во Нови Сад право на глас имаат 345 943 граѓани, кои можат да гласаат на вкупно 221 избирачко место.
Редови за гласање од утрово се формираат и во Крагуевац и Чачак.
Во Ниш, каде што се регистрирани 227 546 гласачи, редици имало уште пред отворањето на 198-те избирачки места.
Иста е и ситацијата и во останатите населени места во јужна Србија.
Големи гужви и висок одѕив се забележани на избирачките места во централна Србија, каде гласаат Србите од Косово. Тие уште во раните утрински часови, а некои и пред зори, тргнале од северот на Косово, како Грачаница, Косовско Поморавје, Штрпце, Ораховац, Метохија и други српски средини за да гласаат на парламентарните избори во Србија.
Право на глас, според Единствениот избирачки список на 9 октомври 2026 година, во Србија се регистрирани 6 450 523 гласачи.






