Отворен за сообраќај нов аеродром во Сиднеј, има капацитет да опслужи над 80 милиони патници годишно

– Во најголемиот град во Австралија, Сиднеј денеска е отворен за сообраќај нов аеродром. Австралискиот премиер Ентони Албанезе го опиша отворањето на аеродромот како значајна пресвртница во развојот на градот.

„Ова е прв пат по повеќе од 50 години Австралија да отвори нов голем аеродром“, изјави Албанезе.

Проектот е вреден 5,6 милијарди австралиски долари (околу 3,5 милијарди евра). Аеродромот, наречен „Западен Сиднеј“, се наоѓа во Баџерис Крик, на околу 60 километри од центарот на градот.

За разлика од сегашниот главен аеродром во градот, кој е поблиску до централниот дел и опслужува авиони само меѓу 6 часот наутро и 23 часот навечер поради ограничувањата за бучава, новиот аеродром ќе работи 24 часа на ден.

Аеродромот има капацитет да опслужи повеќе од 80 милиони патници годишно. Планирањето на аеродромот траело 15 години, а самата изградба – седум. Градежните активности биле завршени во јули 2025 година, а од јули почна да опслужува и карго летови.

Back to top button
Close