Албанска полиција: Нападите врз полицајци и институции ќе бидат санкционирани со закон

Албанската полиција соопшти дека за време на демонстрациите во земјата се евидентирани континуирани акти на насилство врз полицајци и институции, предупредувајќи дека секоја постапка што ги загрозува животите на полицајците и граѓаните ќе биде санкционирана во согласност со законот.
Полицијата ги повика сите учесници на протестот да се дистанцираат од маскирани и насилни лица кои напаѓаат полицајци и институции и оштетуваат јавен и приватен имот, објавува „Албански Јуроњуз“.
На граѓаните им е упатен апел да ги избегнуваат областите каде што се врши насилство и да не учествуваат во постапки што го нарушуваат јавниот ред и безбедност.






