Вучиќ предупреди: Ако државата не реагира, СНС ќе мора да се самоорганизира
Претседателот на Србија и носител на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, побара од државните институции да реагираат на инцидентите и да постапуваат против насилството, без разлика на политичките ставови на инволвираните. Тој предупреди дека, доколку институциите не преземат мерки, Српската напредна партија (СНС) ќе мора самостојно да се организира и да носи одлуки.

Изјавата следува по синоќешниот упад на група граѓани во зградата на телевизијата „Информер“. Вучиќ оцени дека настанот бил сериозен и ги повика надлежните органи да ја исполнуваат својата обврска.
„Ако државата не реагира, во наредните денови ќе мора да донесеме свои одлуки. Ако продолжи теророт врз луѓето што мислат поинаку, со тепање, претепување, кршење и сè останато, а државните органи не преземаат ништо, ќе бидеме принудени да се самоорганизираме. И нека знаат дека ја носат целата одговорност за тоа“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека државните институции мора да постапуваат независно од тоа дали им се допаѓаат политичките ставови на одредени лица.
Осврнувајќи се на инцидентот во телевизијата „Информер“, Вучиќ тврдеше дека интервенцијата на полициската бригада спречила потешки последици за директорот на медиумот, Драган Вучиќевиќ, за кого рече дека бил изложен на напади и малтретирање






