Стојна од Кратово повторно уапсена кај „Куклица“ – тргнала да наплати влезница на скопјани
Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д.Б.(41) од Кратово.

Како што се наведува во полицискиот билтен, таа била уапсена, постапувајќи по претходна пријава дека во локалитет „Камени кукли“ се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.
Според иницијалите, најверојатно станува збор за добропознатиот случај со Стојна Димитровска Боотх – жената против која се водат повеќе судски постапки поврзани со локалитетот „Куклица“ и на која Основниот суд во Кратово ѝ изрекол мерка на претпазливост со забрана за посетување на заштитениот локалитет






