Шестмина мажи силувале Пакистанец во Солун, па го фрлиле во морето

Грчките власти истражуваат грозоморен напад во Солун откако 41-годишен Пакистанец пријавил дека бил силуван од шестмина сонародници, пренесуваат локалните медиуми.

dav

Според пријавата, нападот се случил во раните утрински часови во вторникот, на отворен простор во населбата Агиои Пантес, во западниот дел на градот.

Мажот тврди дека шестмината го претепале и сексуално го нападнале. Според неговиот исказ, еден од напаѓачите го снимал нападот, а друг го пробол со нож во раката. По насилството, осомничените го однеле со мотор до центарот на Солун и го фрлиле во морето.

На жртвата ѝ била укажана прва помош откако екипа на грчкиот Национален центар за итна медицинска помош го пренела во болница.

Полицијата вчера пронашла и уапсила двајца од осомничените, на возраст од 40 и од 34 години. Против нив се води постапка за повеќе кривични дела, меѓу кои силување, обид за убиство и дела поврзани со законите за оружје и заштита на личните податоци. Обвиненијата зависат од наводната улога на секој од осомничените.

Тие треба да бидат изведени пред надлежниот обвинител, а полицијата ги бара и другите осомничени

Back to top button
Close