ЕК ги повика државите од ЕУ да искористат уште над 21 милијарда евра за одбрана

Европската комисија денеска ги повика државите од ЕУ да искористат 21,3 милијарди евра од програмата за повторно вооружување, кои досега останале непотрошени, со цел да ги подобрат сопствените капацитети и да ѝ дадат поддршка на Украина.
Комисијата појаснува дека подоцна ќе ги извести државите за тоа какви суми секоја од нив може да добие според поднесените планови, во рок од две недели по приемот на сите барања. ЕК повикува на вклучување на Украина во заедничките европски јавни набавки во областа на одбраната. Според ЕК, неопходно е средствата да бидат насочени кон системи за противвоздушна и противракетна одбрана, дронови, муниција и ракети.
ЕУ минатата година одреди буџет од 150 милијарди евра за заеднички набавки, при што некои од државите досега побараа помали суми од првично предвидените, појаснува Комисијата. Досега се одобрени договори за заеми за сите 19 држави од ЕУ кои решија да учествуваат во програмата. За 16 од нив ЕК ги склучи потребните договори и исплати речиси 13,5 милијарди евра на 11 држави кои побараа претходно финансирање, се наведува во соопштението.






